21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јужноафриканскиот претседател Зума си поднесе оставка

По интензивните притисоци од неговата партија, претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума, си поднесе оставка, објави Би-би-си. Во телевизиската изјава тој рече дека се повлекува со непосреден ефект, но и дека не се согласува со одлуката на неговата партија АНЦ, која го предупреди или да се повлече или да се соочи со гласање недоверба во парламентот.

75-годишниот Зума се соочи со повици за негово отстапување од функцијата претседател за заменик-претседателот Кирил Рамафоса, новиот лидер на партијата АНЦ.
Зума, кој беше претседател од 2009 година, се соочи со многубројни обвинувања за корупција.

Полицијата вчера во Јоханесбург влезе во домот на моќното и богато индиско семејство Гупта со кое Зума имал блиски релации. Во рацијата имаше и уапсени, кои се обвинети дека ја користеле блиската врска со претседателот Зума за да имаат големо политичко влијание. Двете страни ги негираа овие обвинувања.

Спонзорирано: