10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министер чека дете со соработничка, а премиерот забрани секс меѓу министри и персонал

Австралискиот премиер Малколм Турнбул донесе одлука да забрани сексуални односи меѓу министри и вработени во кабинетите по скандалот што ја потресе владата.

Заменик-премиерот и министер за инфраструктура, Барнаби Џојс, католик, кој е во брак 24 години и ги кој промовира семејните вредности, чека дете со поранешната претставничка за медиуми.

„Министрите, без оглед дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со персоналот. Во спротивно ќе ги прекрши стандардите за однесување“, изјави Турнбул.

Тој истакна дека во 2018 година е неприфатливо министер да има секс со некој што работи кај него во кабинетот.

„Тоа е навистина лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува ништо добро“, додаде премиерот.

Одлуката на премиерот за дополнување на правилата за однесување стапила веднаш во сила, а Турнбул рекол дека Џојс мора сам да ја разгледа својата позиција во владата.

Скандалот ја загрози стабилноста на владата, а самиот министер (50) зел отсуство од работа по што медиумите дознаа дека ја оставил сопругата и четирите деца кога неговата 32-годишна љубовница останала бремена.

Спонзорирано: