11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Фото) Објавени првите фотографии од напаѓачот кој уби 17 лица во средно училиште во САД

Седумнаесет луѓе, деца и возрасни, загинаа на Денот на вљубените во средно училиште во југоисточна Флорида, каде момче на возраст од 19-години пукаше со полу-автоматска пушка, ширејќи паника меѓу учениците, со нападот по кој се предал на полицијата. Бројот на повредените е, како што пренесуваат американските медиуми, засега непознат, иако претходно се зборуваше за бројка меѓу 20 и 50 лица.

Ова пукање во училиште е едно од најлошите во САД во последните 25 години и дури осумнаесетто кое оваа година било извршено во тамошните училишта. Истото се случило непосредно пред крајот на наставата во средното училиште „Марџори Стоунмен Даглас“ во областа Паркленд.

Осомничениот, идентификуван како Николаус Круз (19), бил поранешен ученик во училиштето кој бил избркан од дисциплински причини, а по крвавиот напад им се предал на полициските службеници.

Шерифот на округот Бровард, Скот Израел, изјави дека во нападот била користена полуавтоматска пушка АR-15, која е лесно достапна во поголем дел од САД. Како што информираше шерифот, три лица биле убиени пред училиштето, а 12 во самото училиште. Уште две лица починале подоцна, во болница.

Според првичните податоци од истрагата, пред нападот, напаѓачот го активирал алармот за пожар во училиштето за од училниците да истрчаат колку што е можно повеќе ученици кои би биле негови потенцијални жртви. Како и да е, по ходниците веќе имало голем број ученици бидејќи наставата била при крај, а никој не бил премногу загрижен во врска со алармот бидејќи истиот ден порано имало вежба за итни ситуации.

„Мислевме дека станува збор за вежба во случај на пожари бидејќи денес веќе имавме една таква. Затоа никој не беше премногу возбуден. Но одеднаш се расчу дека станува збор за вооружен напад и сите почнаа да бегаат“, рекол сведок на настанот.

Непосредно по нападот во близина на училиштето веќе стоеле итни медицински возила, противпожарни камиони и долги поворки на полициски автомобили и оклопни возила. Повредените биле евакуирани со хеликоптер.

Николаус Круз во училиштето бил познат како проблематично дете, велат сведоците.

Друг ученик, Николас Коук, рекол дека Круз бил „осамен волк“ кој го напуштил училиштето пред неколку месеци и по смртта на неговата мајка, се преселил на северот од земјата. Наводно, тој имал минато и воена обука, јавија извори од Пентагон, без да наведуваат повеќе детали.

„На крајот, сите можеа да го предвидат ова“, додава еден ученик чиј идентитет не е откриен, велејќи дека Круз добро го познавал теренот околу училиштето и сигурносната процедура. И другите ученици, кога слушнале за пукањето, веднаш претпоставиле дека Круз стои зад нападот.

Метју Вокер, 17-годишен ученик, изјавил дека тој и неговите соученици „знаеле дека тоа е тој“.

„Имаше многу луѓе кои тврдеа дека тој го сторил тоа. Многу деца се шегуваа дека еден ден тој ќе пука во училиштето. Се чини дека сите го предвиделе ова, а тоа е неверојатно“, рекол младиот човек.

Спонзорирано: