10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи премиерот Зоран Заев по трагедијата во која загинаа Калина и Александар

– Тага и неверување донесе веста која денес стигна од Кајмакчалан. Упатувам сочувство за нашите млади планинари кои трагично загинаа во несреќа, искачувајќи го врвот.

– Калина, Александар, нека бидат вечни сеќавањата за вас, напиша премиерот Зоран Заев по обзнанувањето на трагичната вест за смртта на двата планинари на Кајмакчалан денеска.

Двете лица кои ноќеска беа пријавени за исчезнати се пронајдени и извлечени од врвот Кајмакчалан и со итна медицинска служба пренесени во најблиската болница каде е констатирана смрт.

Планинарите од Македонија загинале на врвот Кајмакчалан најверојатно по пад во бездна. Засега познат е идентитетот само на 26-годишната Калина Велевска која заедно со починатото момче биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“

Планинарите по телефонскиот сигнал биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на останатите планинари кои ја искачувале планината откако приметиле дека Велевска и 35 годишниот маж ги нема во групата.

13 спасувачи, 3 возила и еден хелихоптер беа вклучени во потрагата во која подоцна се приклучи и граничната полиција и Центарот за управување со кризи.

 

Спонзорирано: