17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ова е вистината за фотографијата на која Вучиќ носи гајба пиво

Веќе неколку години на социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа како денешниот претседател на Србија носи гајба пиво во соба во која седат Томислав Николиќ и Воислав Шешељ.

Бидејќи Вучиќ некогаш бил член на партијата на Шешељ, многумина го нарекуваат негов потрчко, а фотографијата послужила како добра зафрканција. Меѓутоа, се работи за фотомонтажа.

Вучиќ на спорната фотографија во собата не носел гајба пиво, туку кутии со непозната содржина.

Оригиналната фотографија се појави на Твитер, а доказ за тоа дека станува збор за фотомонтажа е и фактот што Јелен пиво во деведесетите имало нешто поинакво лого, пренесе Индекс.