9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Зачинете го вашето утринско кафе со три здрави состојки и подобрете го здравјето

Познати се бројните бенефити од кафето, а на Универзитетот Скрантон во Пенсилванија нашле начин како кафето да го направат уште поздраво и поблаготворно за организмот.

Претходните истражувања покажале дека кафето е силен антиоксиданс и забрзувач на метаболизмот, но треба да се пие со мерка за да не предизвика анксиозност или некоја друга нуспојава од премногу кофеин.

Научниците од споменатиот универзитет советуваат да во своето утринско кафе додадете цимет, кокосово масло и мед.

Покрај тоа што е моќен антиоксиданс, циметот го снижува холестеролот, го стабилизира шеќерот во крвта и триглицеридите.

Кокосовото масло го поттикнува варењето и помага при слабеење. Содржи и лауринска киселина која делува антибактериски и фунгицидно.

Медот е природно средство за јакнење на имунитетот и здрав засладувач.

Веќе утре пробајте ја новата, збогатена верзија на своето кафе.

Спонзорирано: