23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лажете за дронот, Сирија му се заканува на Израел

Воениот сојуз, поддржан од сирискиот претседател Башар ал Асад, денеска соопшти дека отсега натаму Израел ќе добие сериозен одговор на својот тероризам.

Во соопштението стои дека израелското тврдење за дрон, кој навлегол во израелското воздушно пространство, е „лага“ и се додава дека Израел нападнал база на дронови во централниот дел на Сирија.

„Кога базата беше нападната, нашите дронови се уште летаа над гратчето Сохна кон пустината“, тврди сириската страна.