23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дронот над Израел бил минута и пол, Русија повикува на воздржаност

Иранскиот дрон кој навлезе во израелскиот воздушен простор, бил на територијата на Израел една минута и 30 секунди, изјави началникот на штабот на воздухопловните сили на Израел, Томер Бар.

Тој вели дека одлуката да се употреби хеликоптер за да се собори дронот не била случајна и дека ова е прв пат ирански дрон да заврши во Израел.

Израелските воздухопловни сили по соборувањето на дронот ја нападнаа базата во Сирија, откаде дронот бил лансиран, а гаѓаа и во најмалку 12 ирански и сириски цели. Нападите се најголемата операција на израелските сили против сириските системи за противвоздушна одбрана од времињата на Првата либанска војна во 1982 година.

За Израел, инфилтрирањето на беспилотното летало претставува сериозно и нерегуларно кршење на израелскиот суверенитет, предупредувајќи на дополнителна акција против агресијата на Иран. Наспроти тврдењата на Израел, Сирија и Иран одрекуваат дека нивен дрон навлегол на израелска територија.

По наводите за израелските воздушни напади на цели во Сирија, руското Министерство за надворешни работи ги повика сите вмешани страни да покажат воздржаност и да не дозволат ескалација на тензиите во регионот.