18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Израел: Иран и Сирија си играат со оган, ќе платат висока цена

Израел ги предупреди Иран и Сирија дека си играат со оган. Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус рече дека иако не сакаат ескалирање на тензиите израелските сили сепак се подготвени за секакви сценарија по навлегувањето на ирански дрон во израелското воздушно пространство од правец на Сирија.

„Подготвени сме да ги натераме да платат висока цена за таквите дејствија“, изјави портпаролот.

Тој истакна дека беспилотното летало кое Израел го урна било на воена мисија. Според него, дронот бил испратен и со него управувале иранските воени сили.