8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТТОП ВЕСТИ

„Катимерини“: Турција, а не Скопје, претставува реална закана за Грција

Турција, а не Скопје претставува реална закана за грчкиот суверенитет. Ова го пишува новинарот Том Елис во својата колумна, објавена во грчкиот весник „Катимерини“.

„Во Грција долго време зборуваме и бараме вина во името на ПЈРМ, иако повеќето земји во светот ја признаа под името Република Македонија пред многу години. Продолжувањето на овој дипломатски ќорсокак ги двои нашите сили на два фронта“, предупредува авторот. Според него, односите меѓу Атина и нејзиниот северен балкански сосед можат да се развијат преку поумешен и пофлексибилен пристап, па и да ја претворат Македонија во најблискиот сојузник на Грција.

„Во исто време има еден друг сосед на Грција, кој ги прикрива своите претензии кон Атина, но со своето однесување и говорите претставува вистинска закана, нагласува Том Елис во коментар со наслов „Односите со ФИРОМ и влијанието на Турција“.

„Се разбира, важно е и прашањето со името на ФИРОМ и заслужува внимание и вешто ракување со него, но секоја земја и особено Грција, треба да им даде приоритет на предизвиците и да реагира на соодветен начин. Колку подолго се влошуваат односите меѓу Атина и Скопје, толку повеќе Турција го зголемува своето влијание на Балканот, како дел од политиката на Анкара, која има јасни геостратешки цели и религиозна димензија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган, ретко пропушта можност да изрази поддршка за пристапувањето на ФИРОМ кон НАТО и постојано ја обвинува Грција дека дејствува неправедно со тоа што и го попречува влезот, до решавањето на спорот за името. Во повеќе јавни говори, турскиот претседател вели дека Турција и Македонија се братски земји и дека помеѓу Анкара и Скопје нема никакви разлики. Тој вели дека Турците никогаш нема да се откажат од македонските браќа и дека Турција секогаш е на страната на Македонија. Едоган дури и тврди дека Анкара нема да дозволи промена на името на Македонија“, стои во коментаторот на „Катимерини“.

Понатаму во текстот се додава дека Турција веќе има големо влијание на Балканот, а сега ќе го зголеми дополнително. Во овој контекст, авторот смета дека подобрувањето на односите со Македонија би се покажало од витално значење за интересите на Грција.