3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Владата има потреба од соработка со организациите на жените со цел унапредување на родовата еднаквост

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегација на Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ) од повеќе градови од земјава, предводени од претседателката на организацијата, Савка Тодорова.

Како што информираат од владината прес-служба, претседателката Тодорова на средбата ја поздравила ратификацијата на Истанбулската конвенција и ги нагласила очекувањата дека премиерот исто така ќе се заложи за имплементација и мониторинг на конвенцијата.

Премиерот Заев посочил дека Владата има потреба, а не само чувство за соработка со СОЖМ, и потенцирал дека немањето еднаквост во општеството по однос на родовите прашања е исто како да не се искористуваат половина од човечките капацитети на државата.

„Сојузот на организациите на жените е одличен пример за тоа како треба да бидеме мотивирани, гласни и организирани. Не само што повикувам на соработка со Сојузот на организациите на жените туку и замолувам за помош од нивна страна во решавање на родовите проблеми во нашето општество“, истакнал премиерот Заев на средбата.

Заев изразил уверување дека лично ќе оствари контакт со градоначалниците на општините во земјата за поголем ангажман во насока на имплементација на Истанбулската конвенција, како и решавање на проблемот со недостиг на простории за работа на организациите членки на СОЖМ.

Спонзорирано: