10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите – ако утре патувате преку овој патен правец бидете подготвени за ова

На патниот правец А2 Кичево-Охрид (меѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани) поради изведување градежни работи на патот, утре (9 февруари) во периодот помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 15-ина минути, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, а на повисоките планински и осојничави места коловозите се влажни.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: