10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката притвор се користи како казна и тортура за патриотите

Со месеци десетици македонски патриоти неосновано лежат во притвор. Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор и нивните слободи и права се нарушени, реагираат денеска преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нефункционалноста на правната држава и нарушеноста на владеењето на правото се констатирани и од комесарот за човекови права при Советот на Европа. Факт кој остана премолчен од властите и правосудните органи. Притворот наместо како мерка претпазливост во овој контруиран случај против овие десетици патриоти се користи како казна и тортура. Без постоење реални основи луѓето се ставени во притвор и повеќе месеци против нив не се преземани истражни дејствија. Тоа јасно покажува дека овде нема случај, а луѓето се држат во притвор со цел да бидат шиканирани“, наведуваат од страна на опозициската партија.

Оттаму додаваат дека во ниту една друга држава на тлото во Европа во 21 век не се прогонуваат актери, лекари, режисери и истакнати општествени дејци во конструирани случаи, освен во Република Македонија под власта на Зоран Заев.

„Вината на Василевски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Арнаудов и другите е што имале различен политички став од Зоран Заев. Судовите кои треба да бидат гарант на законитоста не смее да ги спроведуваат сервираните конструкции. Судовите се последниот бедем за одбрана на демократијата и мора да одлучуваат врз база на Устав и закон. Судот може да го запре овој политички терор“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека патриотите кои се цел на политички терор својата правда ќе ја истераат пред Европскиот суд за човекови права, но истакнуваат и дека овој случај ќе остават голема дамка врз Македонија.

Спонзорирано: