20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија депортира севернокорејски работници

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора, изјави во Њујорк дека Русија почна депортација на севернокроејски работници, што е во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност во Обединетите нации што беше усвоена во декември.

„Многу гувернии почнаа со депортација на Корејци“ рекол Мацегора и истакнал дека тој чекор ја прикажува посветеноста на Русија на имплементацијата на одлуката на Советот за безбедност, пренесе ТАС.

Според него, овој чекор ќе има сериозно влијание на руската економија, особено на Далечниот Исток, каде што работат 12.000 работници од Северна Кореја. Тој додал и дека руските власти нема да ги принудат на депортација оние граѓани од Северна Кореја кои не го сакаат тоа.

Резолуцијата на Советот за безбедност, усвоена на 22 декември, а со која се зголемуваат санкциите кон Северна Кореја, меѓу другото предвидува дека сите држави членки мораат да ги протераат сите работници од таа земја.

Спонзорирано: