19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Шест сообраќајки во Скопје, еден потешко повреден

На подрачјето на Скопје вчера се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (сопатник во патничко моторно возило) и шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки констатирано е дека 41 возач управувале возило со поголема брзина од дозволената. Исто така, 12 возачи се исклучени од сообраќајот, и тоа – 10 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување моторно возило, а двајца бидејќи биле возачи почетници.

Покрај ова, 10 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци и еден бидејќи неправилно престигнувал. Во текот на изминатиот ден издадени се и 98 мандатни платни налози, додека 100 возила се подигнати со „пајак”.

Спонзорирано: