8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“

Косовското Министерство за финансии исплати 290.000 евра на 29 семејства на убиените и на обвинетите косовски државјани за настаните во кумановското Диво Насеље во мај 2015 година.

Одлуката за секое семејство да добие по 10 илјади евра ја донесе косовскиот премиер Рамуш Харадинај на крајот на минатата година. Информацијата за исплатата ја потврдил портпаролот на Министерството за финансии, Мухарем Шахини, за „Инсајдер“.

„Врз основа на одлуката на владата на Република Косово од 10 ноември 2017 година денеска се исплатени 290.000 евра на 29 семејства“, рекол Шахини.

На 2 ноември минатата година скопскиот кривичен суд пресуди доживотни казни на седум обвинети, 12 обвинети добија по 40 години затвор, шест по 20 години, еден беше обвинет на 18 години, двајца на 14 години, двајца на 13 години и двајца на 12 години. Четири лица беа ослободени од обвиненијата. На 3 ноември имаше протести во Приштина.

Во пукањето на 9 и 10 мај во 2015 година во Куманово загинаа осум припадници на македонската полиција и 10 лица од вооружената група.

Спонзорирано: