9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: За каква демократија зборува ЕУ кога токму таа преку Грција не ги почитува демократските стандарди

Единствена Македонија го осудува дволичниот однос на Европската Унија и преку најновата стратегија за проширување наменета за Македонија и другите земји од Западен Балкан.

ЕУ со стратегијата бара усогласување на правните системи на Македонија и земјите од Западен Балкан заради владеење на правото, демократијата, човековите права…

Меѓутоа, за каква демократија зборува ЕУ кога токму таа преку Грција како нејзина земја членка не ги почитува овие демократски стандарди.

Затоа, земајќи ја предвид 27-годишната лажна лекција по демократија од страна на ЕУ, Единствена Македонија ја прашува Унијата како самопрогласена учителка по демократија, како е можно Грција, која е 37 години членка на ЕУ, прво, да не ги признава Македонците во Грција и нивните основни човекови права гарантирани со меѓународното право, да ги принудува да користат грчки имиња и да не им ја признава сопственоста врз имотите во беломорска Македонија, второ, како е можно македонскиот народ да биде уценет од ЕУ со фашистичко барање за промена на името и идентитетот за членство во Унијата, а која за себе вели дека е демократска институција, и трето, како е можно земји членки на ЕУ да учествуваат во рушењето и бомбардирањето суверени држави, прашуваат од Единствена Македонија.

Спонзорирано: