14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска облачно време, попладне се очекува дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен. Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен по должина на Повардарието. Температурата ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје облачно со повремен дожд, особено доцна попладне. Ќе дува умерен, во текот на денот повремено засилен југоисточен ветер. Температура ќе достигне до 10 степени. Утре и в петок ќе преовладува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.