17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмедовски и Филипче разговараа за ромските здравствени медијатори

Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020, Аксел Ахмедовски, одржа работна средба со министерот за здравство, Венко Филипче, за планираните активности во насока на имплементација на националниот акциски план за здравството.

На средбата беше дискутирана реализацијата на националниот акциски план за здравството, кој е недоволн искористен и во оваа насока се разгледаа можностите за зголемување на финансиските средства во буџетот на Министерството за здравство за имплементација на овој план, како и определување лица во чии работни цели и задачи би биле активности од локалниот акциски план за здравството, кои се дел од групата за ромски здравствени медијатори.

Понатаму, беше дискутирано за наоѓање решение за трансформација во редовен работен однос на ромските здравствени медијатори. Исто така, се укажа потреба од опремување на просторот за вршење гинеколошки услуги во општината Шуто Оризари.

Спонзорирано: