21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за земјоделците, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што за време на своето владеење ги понижуваше и ги малтретира земјоделците потценувајќи го нивниот труд, денеска лицемерно глуми загриженост за статусот на оризопроизводителите и земјоделците. Преку програмата за финансиска поддршка, Владата предводена од СДСМ обезбеди дополнителна субвенција од веќепостојната во висина од 18.000 денари за хектар површина со ориз. Оваа субвенција се однесува токму на реколтата за која ВМРО-ДПМНЕ денеска неосновано реагира. Освен зголемената субвенција за оризопроизводителите, активно се работи на пронаоѓање нови пазари и обезбедување непречен пласман на оризот. Со таквиот пристап Владата предводена од СДСМ докажува колку се важни оризопроизводителите и сите земјоделци, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога земјоделците беа понижувани и малтретирани, а парите на граѓаните се трошеа за криминални тендери и лично богатење, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, а преку домаќинското и одговорно работење ги зголемува поддршката и помошта за земјоделците и ослободува повеќе пари за граѓаните.

Спонзорирано: