7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Супер одлука на Владата – укината мерката на Груевски која ги нервираше граѓаните речиси една деценија

Mинистерството за економија подготвува измени на Законот за трговијата, е објавено е Единствениот електронски регистар на прописи – ЕНЕР. Целта на предлог-законот е да се укинат ограничувањата во Законот што беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало. Основните решенија на предлог-законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови.

„Предложените изменувања и дополнувања во Законот за трговијата се во функција на укинување на ограничувањата во Законот што се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало, како и уредување на условите за вршење трговија со необработени дијаманти. Наведените ограничувања го намалија бројот на продажни места преку кои производителите на вино и пиво во земјата го вршеа својот пласман (ова особено во руралните средини), без јасно да се постигне целта за намалена консумација на алкохол кај малолетниците. Единствено што се постигна – се ограничи, односно се намали, бројот на трговци на мало што одлучија да продолжат да продаваат алкохолни пијалаци во рамките на времето пропишано во Законот за трговијата. Ваквата состојба ја намали продажбата на алкохолни пијалаци, особено продажбата на вино и пиво во земјата“, пишува во законското образложение.