6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зголемени водостоите на реките во Македонија

Добиените податоци од врнежите кои ја зафатија земјава во текот на вчерашниот ден покажуваат дека најмногу дожд наврнал во западните и северозапдните делови од Република Македонија и тоа во Лазарополе 92 литри на метар квадратен; во Маврово 71; 68 литри на метар квадратен во Пожаране; 65 во Крушево и 52 во Тетово…

Овие врнежи дополнително ги зголемиле и водостоите на сите реки на територијата на Република Македонија, а особено во горниот дел на реката Вардар и нејзините притоки во полошко, горниот дел на река Треска и нејзините притоки, река Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, река Сатеска и притоките, Голема Река, Брајчинска река и останатите реки во преспанско, горниот дел на реката Црна и притоките, како и на други останати помали водотеци и суводолици.

Од утринските мерења најголеми вредности на водостоите се бележат на станиците: Јегуновце – река Вардар = 192, Радуша – рела Вардар = 198, Тетово – река Пена = 140, Македонски Брод – река Треска = 188, Боротино – Боротинско Блато = 260, Ресен – Голема Река = 167, Бошков Мост – река Радика = 169 и Ботун – река Сатеска = 168.

Спонзорирано: