11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разбојници ограбиле маркет со закана со нож и безбол палка

Во текот на вчерашниот ден во полиција било пријавено дека околу 19 часот и 30 минути во марктет во Визбегово, скопско, бил извршен вооружен грабеж.

Според пријавата, четири непознати маскирани лица од кои едното имало безбол палка, а друго нож, влегле во продавницата и со закана од вработената одзеле околу 30.000 денари и неколку кутии цигари по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.