11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
СВЕТ

Грчкото МНР со реакција до Хан

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, реагира за „повторната погрешна употреба на името на ПЈРМ“ од страна на еврокомесарот Јоханес Хан за германски „Шпигел“.

„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во еден критичен момент, како што е денешниот, кога преговорите се во тек. Повторувањата од негова старана на несоодветните фрази, не придонесуваат во постигнување напредок во преговорите за името. Исто така, не се во согласност со конструктивната улога што треба да ја имаат членовите на Европската Унија, соопшти грчкото МНР.