18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ненајавени контроли на српските амбасади, се спремаат казни и награди за амбасадорите

Екипа на Министерството за надворешни работи на Србија задолжена за надзор на работата на амбасадите и конзулатите во светот, започнала со вонреден надзор на работата во дипломатско-конзуларните претставништва.

Како што пишува „Вечерњи новости“, до сега ненајавено биле посетени амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.

Екипата подготвувала детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Како што пишува весникот, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, но и награди за амбасадорите каде се е под „конец“.

Спонзорирано: