21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачи од автомобил пукале на поминувачи, четворица повредени во Италија

Четири лица се повредени во пукање кое се случило во Италија утрово кога двајца напаѓачи со автомобил се движеле низ градот Мацерата и пукале на неколку цели. Пукањето се одвивало на неколку места низ градот, вклучувајќи ја и железничката станица.

Градоначалникот преку социјалните мрежи ги повика жителите да останат дома, поради инцидентот кој сè уште трае.

Полицијата ги уапсила двајцата осомничени откако го блокирале автомобилот. Едниот напаѓач е идентификуван како Лука Траини (28), кој полицијата ја поздравил со нацистички поздрав и не се противел на апсењето.

Мотивите за нападот се уште не се познати, но се шпекулира дека се поврзани со убиството на 18-годишното девојче кое што беше пресечено и сокриено во два куфери минатата среда. За тој настан уапсен е еден мигрант од Нигерија.

Спонзорирано: