24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Колариќ: Загубени сто дена на Шилегов, лаги, неработа, без капитални проекти

Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска изјави дека 100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги, неработење и партизација на адмнистрација  и јавните претпријатија на град Скопје.

„Тоа се загубени сто дена. На Скопје му престојат години на тешка агонија и силен популизам. Во првите 100 дена Петре Шилегов не почна со реализација на ниту еден капитален проект за градот Скопје. Прво, ветуваа чист воздух штом дојдат на власт, а Скопје го направија најзагаден град во светот. Повторувам, Градот Скопје е меѓу првите пет најзагадени градови во Светот. Викаа дека имаат студија, а дури сега најавија дека таа ќе се изработува.

Нема ни една нова мерка за загадениот воздух, а единствената најава за борба против загадувачи, беше онаа против коледарските огнови, промовирајќи го бројот 193 како нова мерка или како порано 93, на кој се пријавував пожар со децении“, рече таа.

Според Колариќ, најголемата работа по која ќе се памети Шилегов во неговите први сто дена е обидот низ мала врата да донесе поскапување на цената на водата на Скопјани над 30 отсто. Во опозиција бараа 30 осто пониска цена на вода, но побрзаа во првите сто дена да се поскапи за над 30 осто.  Под притисок на јавноста не поскапи водата. Знаејќи го него оваа серија најверојатно ќе има уште продолженија.

„Нема ништо и од најавите за зелено Скопје. Нема ниту еден зелен парк, или зелен корнер, ниту пак обнова на некој од постојните., нема ниту 1 метар квадратен зелена површина.250 000 засадени дрва од Трајановски, СДСМ не ги  броеше а сега 615 садници и најавените 4000 на пролет ќе биле голема акција за зазеленување на градот. Да потсетиме, само минатата есен во Скопје од страна на Трајановски беа насадени 5000 садници. Најголемата генералка на Скопје, како што си ја нарекуваат е неуспешната акција за чистење на Скопје. По оваа акција, ниту Скопје е исчистено ниту пак има подобрување на хигиената. Скопје никогаш не бил толку нечист како овие 100 дена. Ова е само лоша копија добар проект за од изминатите 8години. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Груба партизација се врши и во администарцијата со вработување на десетици партиски и шарени активисти. Ги вработи шарените револуцонери Никола Наумовски како шеф на кабинет и Влатко Васиљ како ПР“, додаде таа.

Спонзорирано: