11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Белград останува заглавен во калта без договор со Пришина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Виена изјави дека ќе даде сѐ за Белград да постигне договор со Приштина за да не остане заглавен во калта на минатото, но дека нема да прифати решение по кое Србија ќе даде сѐ и ќе остане без ништо. „Не сакам да се однесувам како другите, да ја забивам главата во песок и да викам – нема проблем, ќе чекаме уште 200 години, додека и вашите деца и внуци не минат низ истите маки како ние, нашите татковци и дедовци“, изјави српскиот претседател.

На прашањето на каков компромис е спремна Србија за да се дојде до трајно решение на косовското прашање, Вучиќ вели дека „судот за тоа на крајот ќе го дадат граѓаните на Србија“, но дека тој е „спремен да направи нешто што ќе биде компромис и за Србите и за Албанците“, иако знае дека за тоа „ќе биде потребно да ја плати цената на опстанок на власта“. Според него, не е важно дали поради тоа ќе ја изгуби власта, туку дека е „важно дали тоа може да се постигне или не“.

Спонзорирано: