Овој дечко дознал дека неговата девојка спие со кого ќе стигне, од механичар, продавач до сопственик на авто салон.
Својата ситуација ја раскажал за „The Sun“, а од нивната колумнистка Дидри побарал совет. Ова е неговата приказна…
Драга Дирди,
Имам 28 години и сум личен тренер. Мојата девојка работи во салон за автомобили. Има 25 години и е опкружена со момци на работа, но никогаш не се грижев околу тоа.
Неоадамна налетав на пријател чиј брат работи во истиот салон. Ми рече дека мојата девојка има репутација – дека во гаражата спие со кого ќе стигне, со механичари, продавачи, па дури и со шефот.
Ја соочив со тоа и ми призна дека тоа го прави повеќе од две години. Веќе купив прстен и сакав да ја запросам, но сега стои во фиока.
Уште сме заедно, но не можам да поминам преку тоа. Веќе не можам да и верувам.
После ова писмо добил совет од колумнистката Дирди:
Не е ни чудно што не можеш да и веруваш. Ќе мора да се потруди и да докаже дека се променила.
Сега се наметнува прашањето – зошто така се однесувала? Каков однос има со родителите?
Мојата статија „Cheating – Can You Get Over It?“ може да ти помогне, но мора да ти биде јасно дека таа има само една прилика да се докаже.