10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Комесарот за човекови права на Советот на Европа на средба со Дескоска

Во Министерството за образование и наука министерката Рената Дескоска оствари средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс. На средбата беа дискутирани клучните предизвици во образованието за 2018-2025 во поглед на почитувањето на човековите права, но и во однос на почитувањето на различностите или подобрување на меѓуетничката интеграција во предучилишното, основното и во средното образование.

Министерката Дескоска изјави дека стратегијата за образованието предвидува соодветни решенија за инклузија на лицата со посебни образовни потреби, во смисла обезбедување физички услови за вклучување на учениците со физичка попреченост, кои во моментот се исклучително ограничувачки, но и формирање инклузивни тимови во училиштата, унапредување на капацитетите и екипирање на стручната служба со педагози, психолози и специјални едукатори.

Дескоска натаму се осврна на интеркултурното образование, кое во моментот не е соодветно отсликано во наставните или воннаставните активности. Се разговараше и за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата како место каде што учениците треба да се воспитуваат во духот на толеранцијата, мултикултурализмот и соживотот.

Спонзорирано: