22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ започнува нова операција со фокус на тероризмот

Агенцијата за обезбедување на надворешните граници на Европската Унија, „Фронтекс“, започна нова операција во Средоземното Море, чиј фокус е откривањето терористички закани. Според „Фронтекс“, здружената операција „Темида“, именувана по грчката божица на законскиот поредок, ќе започне денес во централниот дел на Средоземното Море.

Бродовите ќе продолжат да ги спасуваат мигрантите од пловилата што се користат за шверц на луѓе, но исто така ќе се вклучат и во собирањето разузнавачки податоци и други мерки насочени кон откривање странски борци и други терористички закани на надворешните граници на Европа“.

Операцијата ќе се одвива во територијалните водите на Алжир, Тунис, Либија, Египет, Турција и на Албанија. Медиумите исто така информираат дека безбедносната компонента ќе ѝ помогне на Италија во бората против шверцот на дрога преку Јадранското Море.

Спонзорирано: