22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полскиот сенат одобри контроверзен закон во врска со холокаустот

Сенатот на Полска го одобри контроверзниот закон кој забранува Полјаците да бидат обвинети за учество во холокаустот, објави Би-би-си.

Законот исто така забранува нацистичките логори во Полска да се нарекуваат полски и предвидува максимална казна од три години затвор за кршење на одредбите.

Предлог-законот предизвика тензии со Израел, кој ја обвини Полска дека се обидува да ја смени историјата. Инаку, полскиот претседател мора да го потпише законот со цел тој да влезе во сила.

Светските новински агенции објавија дека Горниот дом на полскиот парламент го одобрил законот со 57 гласа „за“, 23 „против“ и со 2 „воздржани“. Во неделата израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, повика на негово отфрлање: „Силно се противам на овој закон. Никој не може да ја смени историјата, а холокаустот не може да се негира“.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, пак, во телевизиско интервју одговори дека неговата земја има право да ја брани историската вистина. Во средата портпаролката на американскиот Стејт департмент исто така ја повика полската влада да го преиспита законот и изјави дека САД се загрижени оти тоа би можело да ја поткопа слободата на говорот во Полска и да предизвика уште поголеми дипломатски поделби.

Спонзорирано: