3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мадрид: Косово може да влезе во ЕУ само како регион во рамките на Србија

Мадрид не попушта во ставот за блокада на интеграциите на Косово, пренесуваат српските медиуми и наведуваат дека Шпанија ќе се согласи Косово да биде дел од ЕУ само како регион во рамките на Србија.

„Новости“ пишува дека Косово може да биде дел од Унијата само како посебна управа во рамките на Србија. Во таа смисла Шпанците упатиле до врвот на ЕУ не само пишана забелешка, како што се зборуваше изминативе денови, туку и протестни документи, потврдиле за „Новости“ од шпанското Министерство за надворешни работи, од каде што порачале дека Мадрид нема да попушти.

„Ставот на Шпанија за непризнавање на едностраното прогласување за независност на Косово е заснован на принципот на територијален интегритет, почитување на меѓународното право и владеењето на правото“, изјавиле за белградскиот весник од службата за односи со јавност при Министерството за надворешни работи на Шпанија.

„Новости“ наведува дека ситуацијата со Каталонија дополнително го засилила односнот на Шпанија кон прашањето за Косово.

Спонзорирано: