6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Темелковски на увид во постапката за легализација на дивоградби Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска изврши увид на неколку локации заедно со една од комисиите за легализација на дивоградби. Согласно Законот, на лице место, се вршеше проверка на фактите кои се наведени во геодетските елаборати, кои се еден од задолжителните критериуми за легализирање на бесправно изградените објекти.
Со сопствениците тој разговараше и за другите потреби и проблеми што ги имаат, а се во надлежност на Општината и за можноста тие да се решат. По извршениот увид, стручните лица од Секторот за урбанизам и просторно планирање ќе изготват записник и доколку нема забелешки, истиот станува дел од урбанистичката согласност потребна за легализирање на објектот. Инаку, во моментов, до Општина Кисела Вода се пристигнати вкупно 13 896 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Од нив 71 се нови, согласно измените во Законот кои стапија од 01.01.2018 година и според кои имателите на дивоградби, кои ги изградиле заклучно со 3 март 2011 година, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект најдоцна до 31 декември 2018 година, до кога е потребно да достават и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.
За лицата пак, кои поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект во периодот од 21 декември 2015 година до 31 март 2016 година, рокот за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект е продожен најдоцна до 30 јуни 2018 година. Во моментов, по затворањето на 2311 предмети кои немаа геодетски елаборат, без елаборат се 939 предмети.
Лицата кои се корисници на социјална помош можат да ја искористат можноста и од Агенцијата за катастар на недвижности да добијат бесплатен геодетски елаборат, а воедно, истите од страна на Општината се ослободени од плаќање на надоместок за утвдување правен статус на објектот.
Спонзорирано: