14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фејсбук“ ќе ги забрани сите реклами на тема за која има посебен интерес во јавноста

Социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе ги забрани сите реклами што промовираат криптовалути вклучувајќи го и биткоинот, со цел да се спречи рекламирање финансиски производи и услуги кои многу често се поврзуваат со лажни ветувања.
Ова значи дека никој, дури и луѓето со целосно легитимни професии, нема да може на социјалната мрежа да промовираат работи поврзани со биткоин, криптовалути и иницијални понуди за дигитални валути.
Рекламите што ја нарушуваат новата политика на компанијата ќе бидат забранети на „Фејсбук“, но исто така и на други места каде што оваа социјална мрежа продава огласи, како, на пример, „Инстаграм“.
„Новите правила се намерно со поширок опфат за да имаме време да смислиме подобар начин за откривање лажни реклами кои се обидуваат да ги измамат луѓето“, напиша во посебна објава Роб Ледерн, една од техничките директорки за реклами на „Фејсбук“.
Ненадејниот пораст на вредноста на многу криптовалути доведе до појава на измами, а големите флуктуации во нивната вредност многумина оставија без пари.
Од друга страна, измамата е незаконска, но работата со инвестиции што воопшто не ги разбирате – не е.
Спонзорирано: