12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини побара од САД да не го решаваат самостојно блискоисточниот конфликт

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денес ги повика САД да не се обидуваат самите да го решаваат конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Таа оцени дека ваквиот потег би завршил со неуспех.
На почетокот на вонредниот состанок на меѓународниот комитет за помош на развојот на Палесина, Могерини рече: „Ништо без САД, но исто така ништо и само со САД“.
Ова беше прв ваков состанок откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел кршејќи го меѓународниот консензус според кој статусот на светиот град требаше да се реши преку преговори меѓу Израел и Палестинците.
Могерини рече дека ова е тежок момент за регионот. Денешниот состанок треба да биде посветен на дискусија за тоа како да се дојде до решение меѓу двете држави за конфликтот на Блискиот Исток.