13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бошњаковски: Потребно е подолго време да го решиме проблемот со загадувањето

Владата размислува за дополнување на досегашниот сет мерки што се применуваат за аерозагадувањето. Портпарлот Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за аерозагадувањето, рече дека интервентните мерки се обврзувачки за сите институции, а досегашното мониторирање покажало дека институциите се однесуваат одговорно.
„Мерките ја ублажуваат моментната состојба и тие не се конечно решение за проблемот со аерозагадувањето. Конечното решение е подолг процес и постојат мерки и на среднорочен и на долгорочен план. Потребно е очигледно повеќе време додека дојдеме до фаза во која ќе имаме конечно решение на проблемот“, рече Бошњаковски.
Мерните станици и утрово регистрираа високо ниво на загаденост со ПМ 10-честичките на повеќе локации во Скопје. Загаденоста кај Ректорат изнесуваше 258 микрограми на  кубен метар, понатаму измерени беа 222 микрограма во Лисиче, 217 во Гази Баба и 201 микрограм на кубен метар во Карпош.
Меѓу мерките се ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Јавниот превоз на државните и приватните превозници е бесплатен.
Спонзорирано: