22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето носи ново изненадување – еве што најавија синоптичарите

Времето денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. По котлините, поради појавата на температурна инверзија во претпладневните часови, ќе има заматеност на атмосферата или слаба магла.

Околу пладне и попладне ќе дува умерен северозападен ветер, особено изразен по должината на Повардарјето. Температурата ќе дстигне од 9 до 18 степени. Во Скопје слично време со температура до 13 Целзиусови степени.

Утре и в четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на слаба магла или заматеност на атмосферата. Под влијание на влажен бран подрачјето на Македонија ќе потпадне в петок кога ќе дува засилен јужен ветер и ќе биде претежно облачно, во западните делови со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

В сабота врнежите ќе се прошират насекаде во земјата и ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, што до крајот на денот ќе услови заладување и постепено спуштање на снежната граница.

Спонзорирано: