23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/архива
МАКЕДОНИЈА

МВР во голема акција денеска низ Скопје – полицијата пронајде арсенал на оружје во скопско Ченто, повеќемина приведени

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во скопската населба Ченто денеска извршила претрес во домовите на шест лица.

Како што информираат од МВР, акцијата била спроведена по добиени оперативни сознанија дека станува збор за можни сторители на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Претресот бил извршен во домовите на лицата: А.А. (35), Р.А. (48), Х.А. (47), А.А. (45), А.А. (40) и И.М. (49) на улица „Фуштанска“ и на улица „Методиј Андонов Ченто“, при што откриени и запленети биле една автоматска пушка, две рамки за муниција, една воздушна пушка, прибор за чистење и пластичен куфер, еден метален пиштол со дрвен ракофат „М 57“ калибар 7,62 милиметри со вметната рамка со осум куршуми, еден пиштол марка „Zoraki“ М 906-В калубар 7,65 милиметри, една рамка со шест куршуми калибар 7,65 како и една паковка со непозната грутчеста кафеава материја. Исто така откриена и одземена била и уште една пушка.

Како што информираат од МВР, лицата биле приведени и со нив бил извршен разговор, а Единицата за недозволена трговија во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе достави соодветни поднесоци.