14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Средба на Вучиќ, Ердоган и Изетбеговиќ во Истанбул

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Турција ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со босанскиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Како што најави Вучиќ пред замине за Турција, во Истанбул ќе има важни разговори како за турската политика на Балканот, така и за решавање на проблемот со БиХ.

Вучиќ вчера сесретна и со бизнисмени во Истанбул. Состанокот во Истанбул ќе биде трета средба на претседателите на Србија и Турција за помалку од една година.

Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, претходно најави троен состанок во Истанбул и рече дека Турција сака да го зголеми бројот на инвестиции во регионот на западен Балкан и да ги подобри билатералните односи кои се веќе добри, вклучително и Србија.

Спонзорирано: