3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

САД не планираат да ги повлечат силите од Сирија

Американските воени трупи нема да се повлечат од Манбиџ, стратешки важниот град во северниот дел од Сирија, изјави командантот на Централната команда на вооружените сили на САД, генерал Џосеф Вотел, за Си-eн-eн.

Си-ен-ен наведува дека тоа значи оти американските трупи ризикуват да бидат вмешани во воена офанзива на Турција на северот од Сирија доколку Анкара го држи ставот дека ќе продолжи со напредување во тоа подрачје. Манбиџ е главно жариште на северот, а се наоѓа североисточно од Алепо и на 40-ина километри јужно од Џарабулус, кој се наоѓа на сириско-турската граница.

Турција пред една недела почна прекугранична копнена операција во Сирија во обид да ги протера курдските сили од тоа подрачје, кои имаат поддршка од САД. Турскиот упад влијаеше на порастот на тензиите меѓу Анкара и Вашингтон, кој отворено ги вооружува курдските сили во борбата против Исламската држава.

Спонзорирано: