27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Невестата се самоубила 10 дена пред свадбата: Испила отров и сè снимила, па снимката ја испратила на бившиот дечко

Идна невеста го снимила своето самоубиство, а видеото го испратила на бившиот дечко, кого го обвинила дека ја уценувал. Таа се убила пиејќи отров, пренесе Мирор.

Девојката по име Ниша Девидас испила пестицид само 10 дена пред свадбата и си го одзела животот.

Ниша се убила во својата куќа во селото Рохини во западната индиска држава Махараштра на 25 јануари.

Нејзиниот брат Рави Кавле вели дека бившиот дечко ја уценувал неговата сестра.

Рави рекол дека неговата сестра требало да се омажи на 4 февруари, но се убила само 10 дена пред свадбата.

– Човекот по име Никхил Боркар е одговорен за смртта на мојата сестра. Ја заведе под изговор дека ќе ја ожени, а потоа ја напушти, па почна да ја уценува. Таа беше очајна, па се самоуби. Сакам веднаш да се уапси, вели братот на оваа несреќна девојка.

Полицијата вели дека го истражува целиот случај.

Не е познато како овој човек ја уценувал девојката, но се претпоставува дека уцената се однесувала на нивната сексуална врска.