18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законот за јазици утре повторно во Собрание

Собранието на Република Македонија утре треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик, а кој беше вратен од страна на претседателот Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања.

Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предидениот рок и го стави на повторно гласање. За законот се поднесени рекордни над 32.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.

Оптимистички најрано до септември ќе се расправа за речиси 35.000 поднесени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците.