5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Шкотски остров се продава двојно поевтино од стан во Лондон

Шкотскиот остров Вејла Саунд, кој се наоѓа на западната страна на Шетланд, е понуден на продажба за 250.000 фунти или околу 285.000 евра.

Британските медиуми наведуваат дека островот чини двојно помалку отколку стан во Лондон. За истата сума може да се купи само двособен стан во Ромфорд, предградие во источен Лондон.

На островот има само две стари куќи, за чија обнова веќе има одобренија. Исто така, на идниот сопственик му е дозволено да постави ветерници и соларни панели, септички резервоари, канализација и систем за собирање дождовница.

Островот е ненаселен уште од 1939 година, а до него може да се стигне со чамец. На островот има и мало езеро.

Спонзорирано: