10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на носење на Законот за јазиците

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и блокади, коишто предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството. ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Законот е неуставен и дека поднесените амандмани имаат цел усогласување на законот со Уставот на државата.

„Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да блокира еден закон, е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека со таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ е против европските вредности и против концептот на едно општество и уште еднаш докажува дека не се грижи за интересите и потребите на граѓаните, туку дека води ситни, провидни политикантски игри.

„Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Амандманот 5 и истиот не фаворизира и не дискриминира ниту еден јазик, туку ја унапредува употребата на јазиците на сите немнозински заедници што живеат во Македонија. Законот не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во меѓународните односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторно порачаа дека Законот е во спротивност на Уставот и Рамковниот договор.

„Ќе ви образложам два члена од овој закон, кои се во директна спротивност со Уставот. Членови за кои ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани.

Првенствено Членот 6 од законот вели дека институциите како што се: Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство, Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, институциите во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и институции други области се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата, но и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.

Овој член е во спротивност со ставовите 2,4 и 5 на Амандман 5 од Уставот на Република Македонија. Таму е дадена можност кој било граѓанин што живее во општина во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот во комуникацијата да го употребат својот јазик. Институциите им одговараат на македонски и на јазикот кој го употребува граѓанинот. Наместо тоа во предлогот на СДСМ чл.6 предвидува институциите да обезбедат задолжителна употреба само на еден јазик, во случајов албанскиот. Со тоа директно се дискриминираат помалите заедници во Република Македонија.

Членот 22 од законот за двојазичност кој пропишува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон. Додека глоба во висина од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече и на службеното лице.

Овој член не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: