13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кога рибарите ќе станат мамци: Застрашувачко видео – китови убијци бркаат чамец

Двајца рибари во Калифорнија немале баш пријатна средба со група китови убијци.

Рибарите велат дека прво забележале некои животни под чамецот. Дури кога се приближиле, сфатиле дека тоа се китови убијци.

Штом сфатиле за што се работи, рибарите почнале да бегаат со својот чамец. Во описот на Јутјуб рибарите тврдат дека имало околу триесет китови убијци, иако на видеото се гледаат само неколку.

Орките го ловеле чамецот и продолжиле да скокаат од водата.

За среќа рибарите успеале да побегнат без повреди.

Орките најверојатно само си играле, но на рибарите воопшто не им било пријатно. Китовите убијци, и покрај името, ретко напаѓаат луѓе.