18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Заедничкиот пазар на Западен Балкан ќе му донесе двојно повеќе инвестиции

Создавањето заеднички пазар на Западен Балкан не претставува Југославија плус Албанија, туку можност за двојно повеќе странски инвестиции, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на дискусијата „Забрзување на долгорочниот развој на Западен Балкан“, што се одржа во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Вучиќ пред новинарите изјави дека инсистирал на заеднички пазар, кој би носел најмалку осум до девет милијарди долари инвестиции во споредба со 4,6, колку што изнесуваа претходната година.

„Бројките и фактите зборуваат подобро од сите наши политички идеи. Во претходната година Западен Балкан или поточно Србија и четирите други земји и територијата на Косово имаа 4,5-4,6 милијарди долари странски директни инвестиции. Да создадеме заеднички пазар, каде што би имале заеднички такси, тарифи, царини, фискални давачки, заеднички стимулации и субвенции за странци, да имаме целосно единствен пазар без економски граници, а не политички, тој број би изнесувал најмалку осум или девет милијарди долари, изјави Вучиќ. Според него, тоа се изгубени инвестиции само затоа што не било можно да се постигне договор.