24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги демантира лагите на СДСМ дека нема да поскапува водата

„СДСМ ги лаже граѓаните на Република Македонија. Петре Шилегов даде изјава со која ги демантира лагите на СДСМ дека нема да поскапува водата. Шилегов денес изјави дека едно семејство за потрошени 15 кубни метри вода, наместо 500 денари, ќе плаќа 522 денара, што значи дека сметките за вода ќе се покачат најмалку 22 денара. Самите себе се демантираат, нивните лаги веќе не траат ни еден ден“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ ги излажа и граѓаните дека ги намалува трошоците за живот. Од 1 јануари оваа година ја зголеми акцизата на дизелот 3,5 денари, а поскапувањето на горивото како домино-ефект носи поскапување на целото производство и на увозот во земјата. За 8 месеци владеење трошоците за живот пораснаа 1,4 отсто, а цените на мало 3,2 отсто. Тоа директно влијае за намалување на стандардот и зголемување на сиромаштијата во државата. За истиот период успеа да ја задолжи државата 1 милијарда и 300 милиони евра, а најави и покачување на даноците, велат од опозициската партија.

Според нив, место да работи за намалување на сиромаштијата и отворање работни места, СДСМ носи мерки и нови давачки со кои се зголемува сиромаштијата, а се повеќе граѓани остануваат без своите работни места.

Спонзорирано: