9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре координативен состанок за предлозите на Нимиц

Државниот и политичкиот врв утре ќе присуствува на координативен состанок на кој ќе биде разгледана иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц, информираат од МНР.

На состанокот ќе учествуваат: претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Посредникот на ОН, Метју Нимиц, следната недела ќе пристигне во посета на Грција и Македонија. Согласно со најавите, Нимиц ќе престојува во Атина на 29 и 30 јануари, а во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.

Спонзорирано: