11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште еден страшен пожар со повредени во Македонија

Во пожар кој избувнал пред влезот на куќа во Пробиштип со тешки изгореници се здобила Б.М. (87), која живеела во куќата.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на увидна група од Полициската станица – Пробиштип и инспектор од Дирекција за заштита и спасување – Пробиштип, при што е констатирано дека вчера околу 12.30 часот од засега неутврдени причини дошло до запалување огревни дрва кои се наоѓале пред влезот на куќата на улица Илинденска во Пробиштип.

Со возило на Здравствен дом – Пробиштип повредената е префрлена до Клиничка болница “Штип“, од каде поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Спонзорирано: